Friday, April 11, 2014

СЛУЧКИ СО ЏАСТИН БИБЕР 3

1.Бибер отиде во посета на Гватемала и таму остана цел ден заедно со својот тим.Своите патики ги соблече и ги даде на едно од тамошните деца, па затоа одеше бос за време на продолжението од посетата на една од најсиромашните држави во светот.Исто така, со засукани ракави помогна и при изградбата на училиштето за основци, a изјави и дека повторно ќе се врати за нови проекти во соработка со ОН.




3.Бибер:Љубовта кон моите белиберки е како спрема девојка,сестра и другарка..А кон моите бој белибери? Кон нив е онака чиста, онака братска.“


4.Во февруари годинава, Бибер купи слон од американската зоолошка заедница и го крсти Снупи.Тој купи и специјална “шума“ каде слонот би престојувал, по што таму ги однесе помалите брат и сестра да го јаваат.Сите од тимот останаа со зачудени усти, а Бибер се качи на животното и почна да му вика “иха иха“ по што тоа видно се вознемири и започна да урла на сите страни по што Бибер падна од него и беше однесен во болница.


5.Бибер:Не залажувајте се дека за некоја која многу сте ја сакале ќе најдете замена.Тоа никогаш неможе да се случи.Можете да ја барате во било која, можат многу да ви личат на неа..Но онаа вашата, онаа вистинската го има она специјалното..никогаш ќе неможете да ја заборавите.Нејзиниот мирис, нејзината насмевка и очи ќе ви излегуваат секогаш кога ќе допрете некоја друга..Се до крајот на животот.Бидејќи онаа со која си пробал многу нови нешта, од која си научил многу, онаа која те научила што е да се сака и да се жртвува во името на љубовта..токму таа брате, ќе ја паметиш до крајот на животот.Можеш да имаш сопруга, деца..но нејзиното име и нејзиниот лик нема да ти излезат од глава се до последниот здив.“


6.Бибер го изјави ова во 2012, за време кога сеуште беше во врска со Селена Гомез:Јас никогаш не мислев дека ќе станам будала кој ќе зависи од една припадничка на женски пол.Знаев дека ќе се вљубам, но никогаш не очекував дека тоа ќе биде онака болно, себично и љубоморно на секој друг поединец кој е во нејзина близина.Кога некој ќе ја прегрне, макар и на 2 секунди му љубоморам бидејќи го има мојот свет во негови раце. Таа е девојката која нема да ја оставам се додека таа не го стори тоа.“


7.“Само оној кој е одгледан од кралица ќе знае како да се однесува со неговата принцеза..И само оној кој има сестра знае дека со чуствата на една девојка несмее да се игра.“-Џастин Бибер


8.Откако во јануари 2013 раскинаа Бибер единственото што го изјави беше:“Сите ме прашуваат како може сеуште да ја сакам и покрај се што ми стори..Сигурно вие не сте биле вљубени.Јас таа девојка ја сакав, ја сакам и ќе ја сакам.Јас за неа живеам.Јас се будев за да уживам во животот со неа.Јас ја сакам и кога таа најмалку заслужува, ја сакам и кога не е во право.Ја сакам и кога таа ме мрази.Ја сакам и кога ќе ми се налути и ќе ми спушти слушалка, ја сакам кога ќе ми удри шамар..Ја сакам и кога направила грешка, ја сакам и кога започнува одреден флерт.Ја сакам во секој смисол..Сите ми велат..Живот или таа? Зарем тоа не е исто?!“


9.Мајката на Мајли Сајрус изјави дека Џастин постојано и ѕвони на Мајли со цел да ја контролира каде е.Еве дел од нејзината изјава:
“Мајли скоро секој ден разговара со Џастин.Тој секогаш и се јавува и разговараат и по цел час.Ја контролира.Понекогаш кога е излезена нам не ни крева слушалка, но нему му крева и преку него дознаваме каде е нашата ќерка.Џастин помина низ сето тоа што таа го минува сега и тој е и една од најголемите поддршки.“

Познато е и дека Џастин е на сред приговори со Мајли да ја убеди да оди на рехабилитација исто како и тој, а според блиски извори, ѕвездата од “Хана Монтана“ ќе го послуша својот пријател.


10.На 12 март Бибер беше во еден од големите маркети во Мајами каде го сретна голема група белибери.Тој сеуште ги немаше купено своите омилени чоколади и затоа почна да скока одозгора врз полиците со храна за да стигне во одделот за слатко од каде купи цела полиса од Милка..Надвор, сите како и вообичаено чекаа да ги почести белиберите, но тој им фрли само 3 чоколади и им рече да си ги поделат.Доказ дека Бибер е циција кога станува збор за чоколадите!


10.Кога беше запрашан да даде одреден коментар за кошарката, тој одговори:
“Обожавам кога трошам дел од мојот живот за да играм кошарка.Тој спорт е единственото нешто што сакам да го правам во слободното време.Уживам кога го давам и последниот дел од мене за да освојам поен.Кога ќе го поминам тој обрач и задоволно ќе преминам на одбрана.Го оставаш срцето на теренот и никогаш не ти е здодевно..Сакаш уште еден, уште еден и уште еден поен.Никогаш не ти e доста.Би можел да играм и до 1000„





Tuesday, August 27, 2013

Случки поврзани со Џастин Бибер (2 дел)


26.Во мај 2013 Бибер замина за Ерусалим и таму остана 2 дена. Беше забележан како оди на гробот на Исус, а на ова патување освен неговите 20 телохранители го гледеше и тамошната државна полиција составена од специјалци бидејќи беше пријавена анонимна пријава дека Бибер ќе биде ликвидиран. Пријавата беше поднесена пред Бибер да пристигне во Ерусалим, кога тој сеуште беше во хотелот во Париз, па затоа неговиот тим, родители и пријатели го убедуваа да го одложи патувањето, но попусто бидејќи пејачот замина. Каде и да одеше, беше постојано следен од неговите луѓе и специјалците.
27.Во март 2013 Бибер преспи 2 ноќи во домот на папата Бендик Шеснаесетти, а за неговата посета беа потребни двенеделни подготовки.
28.На средбата помеѓу Бибер и американскиот претседател Барак Обама(2012 година), Обама му понуди да добие американско државјанство, но Бибер ја одби таа понуда кажувајќи дека тој е горд канадјанин.
29.По средбата меѓу Бибер и Мадона во јануари 2013, Мадона изјави дека сега го дели тронот со ова младо момче.Исто така, Мадона на Бибер го нарекува “Џују“ и честопати кога е во Њујорк, Бибер ја посетува неа и нејзиното семејство.
31.Семејството на Мајкл Џексон после неговата смрт на Бибер му додели една од неговите песни која остана незавршена.Бибер ја заврши и се направи дует.Инаку, дуетот помеѓу Мајкли Џексон и Џастин Бибер требаше да се снима во јануари 2012, но тоа не се оствари бидејќи Џексон ненадејно почина.
32.На 20 август Бибер пристигна на лондонскиот аеродром со цел да одржи два концерти преку викендот, но на паркингот имаше гужва поради што тој и неговиот тим беа однесени во VIP делот додека гужвата не се расчисти. Откако еден од вработените во аеродромот му соопштил на Бибер која е причината поради која е настаната гужвата (несакајќи еден возач не забележал 11 годишно девојче позади неговата кола и ја удрил по што таа паднала на главата и сега девојчето е во лоша состојба, а брзата помош неможе да пристигне поради метежот во сообраќајот)), Бибер забрзано тргнал и се турнал во толпата и на крајот стигнал до девојчето..Припадниците на неговиот тим како луди трчааа по него, но не успееја да го спречат.Бибер му се приближи на девојчето и го праша:“Како се викаш?“ Девојчето ненадејно се онесвести..Сите мислеа дека тоа е поради повредата, но всушност тоа беше бидејќи девојчето е негов белибер. Кога блиските роднини на Бибер му ја објаснија ситуацијата, Бибер со помош на вода ја освести тинејџерката и и рече:“Ќе сакаш да се возиш со мене? Мора веднаш да одиме во болница.“ Откако девојчето кимна со главата, Бибер нареди на неговиот тим да се спреми неговиот автомобил и возачот и веднаш да тргнат кон најблиската болница. Додека возачот возеше, во задниот дел од лимузината во скутот на Бибер лежеше девојчето а од нејзината глава течеше крв.Откако беше однесена во болница и нејзините родители беа повикани таму, лекарите соопштија дека ако задоцниле само уште неколку минути, ќе било можно мозочно крварење. После тоа, Бибер во собата на девојчето влезе со најразлични чоколади и на самото влегување:“Немој повторно да се онесвестиш, во ред?“ Потоа, тој помина одредено време со неа и и го подари неговото милениче, кученцето Макс.
33.Кога автомобилите на припадниците на Бибер тимот и автомобилот во кој се возеше Бибер беа стопирани поради сообраќајниот метеж, а Бибер доцнеше во посета на болни фанови во болницата Santa Flora, тој на огромно изненадување на припадниците на неговиот тим, излезе од автомобилот, му се приближи на еден возач на мотор и му рече дали ќе му го позајми неговиот мотор. Возачот шокиран дека пред него стои Џастин Бибер, само се насмевна до солзи и му го отстапи моторот.И додека сите очекуваа да се врати назад, тој со моторот тргна напред довикувајќи им на своите луѓе:“Ејј луѓе, ајде се гледаме таму..Немојте да доцните, во ред?“ И иако мислеше дека е сам, сепак неговиот тим интеревираше и веднаш зад него испратија специјалци од страна на полицијата кој ќе го чуваат од несакани случки.
34.Бибер присуствуваше на свечената венчавка на Тина Тарнер во нејзиниот семеен дом во јули годинава, а како подарок на парот му поклони купена ѕвезда од НАСА (вредна 233.000.000 милиони долари) под името “Легенди.“ Тоа беше најскапоциениот донесен подарок на венчвката и сите останаа со отворени усти кога Бибер и ја даде тапијата на невестата со која се потврдуваше дека таа и нејзиниот сопруг се сопственици на небесното тело.
35.Во јуни 2013 Бибер беше казнат од неговиот тим за неразумно однесување бидејќи не се грижи за себеси и својата безбедност, па така мораше цел викенд да го помине во хотелот во Токио, бидејќи менеџерот и припадниците на тимот Бибер му забранија да излегува надвор.Тој на твитер објави слика како лежи на креветот со опис:“Во притвор сум, судијата Скутер Браун (неговиот менеџер) ми даде казна во траење од 2 дена.“
36.„Supra" е името на брендот кој постои само поради Бибер.Се што носи Бибер (патики,очила, капа, блузи, шорцеви, панталони) е потпишано од нив.
37.После разделбата со Селена Гомез, откако таа го изневери со најдобриот другар во заедничкиот дом, Селена Гомез беше гост во познатата емисија на Џон Кени, каде изјави дека таа не е крива што неговите белибери му се поважни од неа..И дека сега ќе плаче по неa, но попусто, бидејќи нема да му се врати. Сето тоа беше емитувано во живо, а на видео бинот во Стокхолм Бибер беше забележен како сето тоа го гледа.Тој само разочарано замина со неговиот тим кој одеше по него и на својот најдобар другар Алфредо (дел од Бибер тимот, фризер) му рече дека ако несака да биде повреден, нека не се заљубува.
38.Автомобилската компанија „Ferari" на Бибер во мај 2013 му го подари својот најнов модел на автомобил и тој ја имаше честа прв да го вози најновото ферари.
41.Филмот на Бибер “Never say never" беше најпродаваниот филм во светот во 2009 година.
44.На 14 август Бибер беше гост во ТВ емисијата на Опра каде гледачите можеа да се јавуваат и да му поставуваат прашања.Скоро сите кои се јавија беа белибери и му поставуваа и непријатни прашања..Една белиберка дури и рече дека сака син од него. Бибер постојано се смееше и црвенееше од срам, и само изговори:“Па да, знаете..моите белибери понекогаш знаат да бидат первезни, но многу се паметни.Знаете, јас давав автограми пред концертот во Осло и потпишав над 1000 можеби..И си велам ајде да потпишам уште неколку..Потпишав еден голем лист и гледам..гледам дека тоа било брачен договор кој го потпишав.Јас останав само онака зачуден, а белиберката само скокаше од среќа дека е моја сопруга. За среќа, документот не беше официјален.“
45.Бибер беше забележен како на 13 јуни во западниот дел на Австралија јава коњ.Она што беше интересно е што коњот постојано скокаше нагоре, па припадниците на неговиот тим полудуваа од страв.На крајот, Бибер го скроти животното и го крсти Норт што значи запад.

46.На 23 август Бибер беше забележан како дава огромна сума пари на бездомници низ улиците во Чикаго, а потоа побара и да се слика со нив. Тие рекоа:“Но, ние смрдиме..“ Бибер возврати:“Не е важно, и јас смрдам.“-иако на себе носеше еден од најскапите парфеми во светот.
47.На концертот во Мајами, Бибер се пофали дека ги научил сите држави од Евроазија со нивните главни градови, па белиберите побараа да им одржи лекција по географија (знаејќи дека географијата му е слаба страна). Бибер смеејќи се ги кажа сите држави од Европа, но наместо Балканот рече Турција со главен град Истанбул.Тоа е логично, бидејќи пејачот државите ги учеше кога ги посетуваше за потребите на своите концерти.
48.Бибер мрази да дава интервјуа или пак да има фотосесии.Но и покрај тоа, неговиот тим дејствува врз него и тој е личноста во Холивуд со најголем број направени интервјуа и фотосесии.

49.За време на промоцијата на неговата песна “Maria", Бибер од страна на 1000 присутни новинари на пресконференцијата беше запрашан на кого е посветена оваа песна, а неговиот одговор беше:“На симпатија од школо која ја имав со моите 11 години..Тогаш мојата финансиска состојба не беше баш најдобра, па колку и да трчав по неа, таа не ме ни погледнуваше.Таа трчеше по синот на директорот на школото.Таа можеби денес ме гледа..Поздрав до тебе Мариа.“ (се смееше)
50.Во бекстејџот после концертот во Пекинг упадна белиберка која успее да му помогне на обезбедувањето, по што таа му скокна во прегратка на Бибер и после 15 минути од разговорот со него, кога Бибер требаше да тргне кон Хон Конг, таа му ја соблече патиката за спомен.Па така, Бибер беше фотографиран без едната патика и таков отиде и на пресконференцијата во Хон Конг, а припадниците на неговиот тим од новинарите ја криеја неговата нога.
51.Кога Бибер разбра дека неговата петгодишна сестричка Џези има симпатија од градинката, Бибер другиот ден отиде пред училиштето и оддалеку го посматраше момчето, по што заклучи дека сепак е добро дете. Неговата сестра го забележа него и сите 60 луѓе од неговиот тим паркирани пред целото школо, а кога извика “бато“ , сите ученици и целиот персонал од училиштето како луди се упатија кон влезот на училиштето, по што Бибер ја стави сестра му во колата и заедно со неговиот тим како луди побегнаа бидејќи и онака доцнеа во студио. Со цел Бибер да не ги разочара своите фанови, тој од колата почна да фрла негови работи..Прво часовникот, па палтото, нараквицата,капата, очилата и двете патики.
52.На отворениот концерт во Тунис, заврна огромно количество дожд, но ниту еден од 2 милионите посетители на концертот не си замина.Од организраторите по половина час беа поставени огромни чадори кои беа поставувани со помош на хелихоптери. И на Бибер му беше доделен чадор, но тој рече дека не му е потребен па го потпиша и го даде на една белиберка која беше во првиот ред.
53.Во бекстејџот пред концертот во Каиро, упадна татко со своите 4 ќерки кој носеше огромна торта на која беше прикажан Бибер за време на концерт.Бибер дозволи да влезат, а татко му рече:“Читав се за тебе младичу..Знаеш,би бил добар зет.“ Бибер на тоа одговори:“Ви благодарам господине.Имате прекрасни ќерки, секоја чест.“ Откако заминаа, припадниците на Бибер тимот (60 луѓе) знаејќи дека Џастин е зависник од благо, веднаш му ја одземаа тортата и ја сместија во мало фриждерче.Но, тој ги испрати кажувајќи им дека ќе треба да се облекува..Откако тие заминаа, тој излезе од собата и си сече огромно парче торта.Сето тоа го виде Алфредо (неговиот најдобар другар), па како награда за да не каже на Бибер тимот, и нему му сечи едно парче.
54.Во март 2013, беше објавена видео снимка од лобито на хотелот во Мадрид каде престојуваше Бибер со неговиот тим и на неа се гледаше како пејачот се заканува дека ќе си ја сече косата доколку неговите луѓе не му ги дадат чоколадите кои си ги купил. Тоа е сосема нормално, бидејќи неговиот тим му забранува премногу да јаде благо бидејќи нема да може нормално да настапува на своите концерти, но пејачот тајно си купува чоколади и ги јаде во својата соба.Откако го откриле, тој очигледно употребил остра закана, бидејќи на крај сепак му ги дадоа, но нарачаа и за тимот по едно за секој.
54.Алфредо Флоренс, најдобриот другар на Бибер во едно кратко интервју за магазинот Rich People изјави:“Џастин е најдарежливата личност, но многу е себичен кога станува збор за чоколадите..Треба да го молиш цел ден за да ти даде едно..Особено ги сака оние со лешници..Сите од тимот му завидуваме како може толку да јаде, а сепак да не се здебелува.“
55.За време на концертот во Лисабон, Бибер се сопна од многуте фрлени мечиња на сцената и падна директно врз белиберите..И додека сите мислеа дека тој ќе падне долу, неговите фанови го носеа на раце..Така го предаваа од едната до другата страна на сцената, а Бибер само се смееше неможејќи да поверува дека пее додека го разносуваат.
56.За време на секој концерт, во зависност во која држава се наоѓа Бибер, пред почетокот на секој концерт, Бибер ги поздравува белиберите на нивниот јазик. Најинтересно беше во Москва, кога Бибер никако неможеше да изговори:“Здравствуйте России белибери (Здраво руски белибери)! Тој се обиде повеќе од 5 пати и на крајот успеа.
57.Кога во 2012 имаше средба во кралскиот двор со кралицата Елизабета II и целото кралско семејство, Бибер зборуваше англиски со британски акцент, а подоцна, кралицата за новинарите пред нејзиниот дом изјави дека Бибер е најслаткото момче што некогаш го има видено.Исто така, Бибер се има запознаено со сите кралски семејства во Шпанија,Португалија,Норвешка,Шведска и Данска.
58.Денот после една година од смртта на Авалана Роут, Бибер имаше концерт во Хелсинки.Таму кога ја перформираше песната во нејзина чест, Бибер плачеше.
59.Откако Бибер го заврши концертот во Прага, во бекстејџот упаднаа голем број белибери кои на пејачот му украдоа скоро се-блузата, часовникот, микфронот, крпите, па дури сакаа и панталоните па за малку и не му ги соблекоа.
60.За време на концертот во Јордан, Бибер постојано велеше “Да не слушне цела Африка“ иако тој перформираше во азиска држава.Откако за време на паузите неговиот тим му укажа на ова, Бибер засрамено се извини но и ги запраша:“Добро, а зошто вие не ми кажувате дека се брукам? Хахх..гледам јас вие нешто се смеете. (смеејќи се до солзи)“
61.Кога беше гостин во емисијата на Jonas Brothers, Бибер беше запрашан кој му бил најлесен предмет во училиште, а тој одговори “музичко и физичко“.


62.Кога дозна дека излегла новата колекција на Supra,Бибер како луд отиде до модната куќа. Неговиот возач, Рајан, подоцна изјави:“Никогаш не станува толку рано.Секогаш го маваме со перници или му носите чоколади во кревет за да стане.Не ми се верува како денес успеја да стане.Доволен беше само еден повик од модната агенција на Supra.Долго време зборуваше дека нема ништо ново за да облече, и иако стилистите му велеа да излезат со него во шопинг, тој ги одбиваше кажувајќи дека до крај ќе ја чека новата колекција на Supra.И ете го денес, внатре избира нова облека.Целиот беше сонлив, едвај гледаше.“По еден час беа направени слики од папараци на кои се гледаше како се вадат цели подвижни полици со закачалки за облека.Тимот Бибер се смести и пејачот задоволен си замина во својот хотел.
63.На 15 август беа објавени слики и видео од пејачот во бекстејџот за време на една од паузите на концертот во Ванкувер.Во видеото има разговор помеѓу Бибер и неговиот тим. 

Бибер:“И зошто не ми кажавате дека има чоколади во фриждерчето?“ 
Менди (фризерката):“Затоа што ти веднаш ќе ги изедеше Џастин.“ 
Бибер:Ама ми се јаде..Дадете едно, ајде ве молам.“ 
Питер (текстописец):Абре неможе.Да не сте му дале.“
Скутер (менеџер):„Неможе Џастин, крај!“
Теона (стилист):“Ајде, дојди облечи ја облеката што ти ја спремив.Ајде Џастин!„
Лора (професор):“И престани да гледаш во фриждерчето, рековме неможе!“
Алфредо (другар):“Веќе шифра треба да му ставиме поради тебе..Ајде другар, право во соблекувална.“
Бибер:„Толку сте злобни! Знаете ли дека е грев на човек да му се скрати од благото?“ (се смее)
Џаго(возач):“Море да..глејте го како се смее.Ајјдее во соблекувална!“
Бибер:“Во ред..во ред.Но ветете дека после концертот ќе добијам и чоколади и гумени бомбони.“
Сите 60 луѓе:ВЕТЕНО!
64.Патриција Малет (неговата мајка), Џереми Бибер (неговиот татко), Алисија Бибер (сопругата на неговиот татко), Џези и Џахон (братчето и сестричката), Џек и Сузан Бибер (бабата и дедото на Бибер, родители на Патриција) се преселија да живеат во канадскиот град “Bieber" именуван по името на пејачот.Патриција заедно со своите родители живее во една куќа, а до нивната куќа лепи куќата на Џереми и Алисија заедно со нивните деца. „Тие многу добро се сложуваат, како семејство се.Кога Џастин доаѓа со сите се среќава..Многу добро направија што се преселија сите тука.“-изјави Алфредо,најдобриот другар на Бибер. 
Кога Бибер имаше покачена температура која изнесуваше над 40 степени, тој мораше да одржи концерт во Букурешт.Токму затоа, и неговата мајка отпатува со него и на секои 15 минути го повикуваше Бибер зад сцената и му ја мереше температурата.
65.Бибер е прогласен за најинтересен пејач во светот и тоа двапати по ред.Првиот пат во 2012, и вториот во 2013.Еден од пресудните настани е тоа што тој на својот твитер профил ден пред концертот во Варшава, рече дека кој нема пари за карта, слободно нека се обиде да му побегне на обезбедувањето и да упадне на концертот.Тој исто така е познат и по своите многубројни гафови предизвикани од слабото познавање по географија.
66.Кога во едно интервју за магазинот Hola тој и Патриција (неговата мајка) беа запрашани нешто за настанокот на пејачот, Бибер рече:“Јас бев инцидент..“ По што неговата мајка го поправи:“Не, ти беше изненадување.“
67.Кога во едно интервју за магазинот Vogue беше запрашан зошто тој не е како останатите ѕвезди и не забранува да му поставуваат прашања за периодот пред да стане славен, тој одговори:“Веројатно затоа што не се срамам од себеси.Овој Џастин денес немаше да постои ако не постоеше оној пред неколку години кој свиреше за пари пред театар.Јас несакам да заборавам од каде дојдов и кој бев.Мислам дека тоа ме одржува прилепен за земјата.Јас добро знам какво е чуството кога сиромаштијата е во твојот дом, кога мораш само поради парите да бидеш поинаков од другите, избегнуван.Но, и покрај сето тоа, сепак бевме среќни со мајка ми.Можеби едно јадење ќе го јадевме целата седмица, но не ми пречеше.Тоа мене ме направи човек, ми всади хумантирен дух..И затоа, денес кога имам можност сакам да им помогнам.Сакам да му помогнам на секој беспомошен човек на планетава..Давам се од себе тоа да го направам.Секако дека тоа е невозможно така одеднаш, но го вадам максимумот од мене.Мразам кога ќе направам нешто за некого и веднаш тоа се наоѓа на телевизија.Јас не мислам дека правам нешто којзнае што за секој ден да се зборува за моите дела на телевизија.Туку напротив, тоа е она што мораме сите да го правиме..Да помагаме, и да ни помогнат.Светот да биде сплотен. Да живееме во спокој и хармонија. Да владее доброто, правдата.Без разлика на религии, култури, националности..Ние сите сме луѓе.Сите имаме две очи, две раце, една уста..Секогаш кога ми е згустено од се, одам во Канада и седнувам пред АВОН театарот..Свирам таму на гитарата како некогаш.Но сега се е поинаку..Некогаш, ретко некој ќе се свртеше кон мене и ќе ми обрнеше внимание..А сега, се собира огромна толпа пред мене..Славата има и добра и лоша страна.Се трудам на некој начин да ја избегнам лошата, но понекогаш тоа не успева. И имам порака до сите..не срамете се од она што сте, напротив, одете исправено, вложувајте во себе и еден ден тоа ќе ви се исплати.А кога ќе се исплати и кога ќе сте на самиот врв, не заборавајте дека таму дојдовте од самото дно.Моето мото е тоа, јас така функционирам.“
68.Кога во едно интервју беше запрашан која е неговата работна програма, тој одговори..Хмм..Преку два дена имам концерти, што значи дека понеделник, среда, петок и недела ми се работни денови.Во вторник и четврток имам проби или евентуално интервјуа, фотосесии, гостувања во шоуа.Но, за време на деновите во кои имам концерти, дента сум слободен и денот го поминувам со мојот тим. Тешко ми паѓа што никаде неможам слободно да одам, да излезам како секој нормален човек на моја возраст..Но кога моите пријатели и тимот е покрај мене, тоа и не ми е толку важно.Преку интернет и телефон постојано се гледам со моите во Канада..Можеби звучи прилично напорно и досадно, но не е.
69.Бибер не се плаши отворено да зборува и за периодот кога се појавија слики на интернет како пуши марихуана.Во најновото интервју направено на 1 август за Hollywood Life, пејачот изјави:“Можеби малку се загубив тогаш..доживував еден од падовите во мојот живот.Изгубив доверба во личности кои имаа важно место во мојот живот, и во моето срце. (Мислејќи на Селена Гомез и неговиот тогашен пријател Вил Смит кои имаа тајна афера иако Селена беше негова девојка.Тој ги фати во заедничкиот дом со Гомез Тогаш, довербата ја стекнував кај други личности,во друго друштво кое тогаш го сметав за вистинското.Тие имаа поинаков стил на живеење.Луди журки, брзо возење или слично..И јас го променив мојот стил на живеење и секој ден се повеќе и повеќе се зближував со нив.Започнаа и несогласувањата со мојот тим.Таа вечер ми рекоа дека тоа е нешто за опуштање, нешто кое ќе направи да заборавам на сите мои проблеми..Отпочетокот одбив и сакав да заминам.Сепак успееја да ме убедат да останам.Таму дојде и Вил, и тој ми ги препорача тие цигари..На крајот, испаднав кукавица и ги пробав.Имав среќа што од тоа се појавија слики на интернет, па мојот тим под хитно го повика моето семејство и со заеднички сили успееја да ме убедат да одам во рехабилитациона клиника.После два месеци излегов.Се излечив..но од таму излегов помудар, со нова животна лекција која секогаш ќе ја помнам.Имаше денови кога сакав да ја напуштам клиниката па барав да ме заклучат во соба со цел тоа да не го направам.И успеав.Денес сум овде, жив сум и зборувам со вас благодарение на блиските.Верувајте, никој не ви мисли добро освен тие. Можат сите да ви бидат пријатели, но колку тоа се искрени и добронамерни се гледа во вакви ситуации.Тоа беше грешката за која ќе се каам цел живот, но истовремено сум горд на себе што успеав.Јас го направив она што малкумина успееја да го совладат..Јас не сум зависен.Таа грешка повеќе нема да се повтори.Научив кому да му верувам, кому не.Мојот тим ми е како семејство.Сите луѓе во тимот лично се познаваат со моето семејство..Мајка ми и татко ми честопати им велат:“Ви го доверуваме син ни вам.“ Тие луѓе се единствените кои искрено се грижат за мене.Денес имам само еден пријател, знаете како велат..Еден ама вреден.И мојот тим, моето семејство..Тие луѓе, колку и да не ги слушам за некои работи..ме сакаат како вистински брат, син, дете. Продолжив да одам по својот пат само поради нив. Слушајте ги своите родители, блиски..тие се единствените кои ќе пронајдат решение, ќе ве сакаат, ќе се грижат и ќе останат со вас во најтешките моменти.Сега го знам цел Холивуд, но со никого не сум толку близок.Се споделувам со семејството и тимот.Тие секогаш го решаваат секој мој проблем, ми ја даваат најпоучната лекција. И во оваа прилика, сакам да им кажам БЛАГОДАРАМ..БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ ШТО ПРАВИТЕ ЗА МЕНЕ. ВЕ САКАМ КАКО МОИ ПОСТАРИ БРАЌА И СЕСТРИ.НИКОГАШ НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ОД МОЈОТ ЖИВОТ.
70.Многумина се чудат како Бибер може да биде толку енергичен и покрај огромниот број концерти кои ги одржува преку два дена и се останато, а и тука се и часовните зони кои постојано се менуваат, па често тој и неговиот тим не се наспиени доволно, а со цел да ја скроти нивната љубопитност, Бибер изјави:“Едноставно е, јадете чоколадо.“,
71.Toj има 4 тетоважи со религиска основа.Најновата се наоѓа на неговата лева рака и на неа е прикажена Света Богородица.
73.Како што е објавено на сите светски сајтови, така и овде објавуваме дека Бибер има над 100 милиони белибери (приближно 152.000.000) ширум цел свет.Тие зафаќаат над 45% од вкупната светска површина.На анкетата спроведена од Обидинетите нации беа објавени резултати за фан базите на пејачот во сите држави во светот, но не и од Балканот, бидејќи овде не пронашле соодветни институции кои ќе ја спроведат анкетата.Тој има приближно 152 милиони фанови ширум цел свет, но во оваа бројка не се внесени и белиберите од нашиот регион. Токму затоа, во соработка со владите на балканските држави и агенциите за млади беше спроведена анкета на која се добија следните резулати:

Србија:47.000 белибери
Хрватска:54.000 белибери
Бугарија:45.000 белибери
Грција:56.000 белибери
Албанија:34.000 белибери
Македонија:11.000 белибери

Сите белибери од цел свет, па така и нашите со кои контактираме преку нивната фејсбук група, се дел од гигантската фејсбук група “Beliebers all around the world" која претставува најголемата група воопшто формирана на оваа социјална мрежа.Во таа група белиберите ширум цел свет зборуваат англиски, се договараат за твитер трендови, организираат настани,споделуваат импресии од концерти, слики и се друго поврзано со пејачот.Интересен факт е што белиберите кои не се од баланските држави биле видно заинтересирани за единствената тероторија во светот која Џастин Бибер не ја посетил.
Во фан базата важат одредни правила:
1.Се зборува англиски.
2.Нема расправии.
3.Сите белибери мораат да поседуваат виолетова трака која ќе ја носат на својата рака секаде и на тој начин ќе се препознаваат во било кој дел од светот.

“We all are brothers and sisters.This summer, I was in Greece with my family and we don't have place where we will stand.Suddenly, I saw a girl od beach who was wearning a violet braclelet.And I was wearning my.And she saw me and come to me.We hugged and then she meeted my family with her's, so we stand in her house."

"Ние белиберите се браќа и сестри без разлика во кој дел од светот се наоѓаме, на која религија и култура припаѓаме.Ова лето, јас со моето семејство бев во Грција и немаше место каде што можевме да се сместиме.Јас случајно видов едно девојче со виолетова нараквица на раката.И јас ја носев мојата.Таа ме виде и ми пријде.Ние се прегрнавме како да се познаваме цел живот, а потоа таа го запозна моето семејство со нејзиното.Ние за време на нашиот престој во Грција се сместивме во нивниот дом.-изјави белиберка од Нов Зеланд.

Ова е само еден од многуте чести случаеви кое се споделуваат во фејсбук групата.Има слични вакви објави во групата и од македонските белибери.

“Кога грчките белибери прават твитер тренд за Џастин, тогаш ние им помагаме.Кога ние правиме, тие ни помагаат.Не дозволуваме политичките работи да не разделуваат.Ние белиберите се 152 милионско семејство составено од браќа и сестри ширум цел свет.Ние имаме едно мото, еден идол, една лекција.Во светската група скоро сите македонски белибери станавме членови во 2012..Дотогаш, не ни знаеја дека постоиме како држава бидејќи Џастин не беше доаѓал овде.Вообичено, белибери се додаваат од сите земји кои ги посетл Џастин.Благодарение на Грчките белибери кои одамна беа влезени во групата, влеговме и ние, и српските, бугарските, хрватските и албанските.Неопишливо е чуството да знаеш дека имаш толку големо семејство позади тебе.“-изјави Анѓела од групата на “Македонските белибери“.

„Отпочетокот, во светската група им беа интересни нашите имиња..Се трудеа да ги изговорат, но безуспешно.Исто така, ние им рековме дека “Bieber" на наш јазик значи бибер, и тие неверуваа, па им рековме да користат Google Translate и да се уверат.“-изјави Дара.

“До ден денес имаме проблеми со пишувањето на англиски, па затоа ретко дека некој од нашите ќе објави нешто, но затоа пак постојано ги следиме објавите од останатите белибери ширум цел свет.Неопишливо чуство.“-изјави Розе од македонската група.
74.„Swag" e белиберски збор измислен од Бибер и неговите белибери. Неговото значење го знаат само тие.
Тим Бибер во јуни 2013 година, фотографиран од самиот пејач.Интересен факт е дека се од 2009 година, никој го нема напуштено тимот, ниту пак му се има приклучено.Карактеристично за овој тим е дека каде и да оди Џастин, тие одат со него.На секој концерт, на секое гостување во шоуа и емисии, потполно секаде. Бидејќи Џастин нема постојана куќа, во било кој хотел целиот кат до ден денес се изнајмува само за него и неговиот тим.составен од 60 луѓе + 20 танцувачи.Во ова издание специјално ви ги претавуваме сите членови на Бибер тимот:
1.Скутер Браун (1 менеџер)
2.Лил Зи и Ребека Тејлор (2 текстописци и музиканти)
3.Алисон Седер,Џек Ривер и Хејди Диаз (3 универзитетски професори)
4.Менди и Роберт (2 шминкери)
5.Дона, Сем и Јоли (3 фризери)
6.Лина,Зилеј и Лео ( 3 стилисти)
7.Алфредо и Рајан (2 најдобри другари на пејачот)
8.Кени,Моше,Били,Антони,Арон,Елви,Алекс,Мауро,Џон,Џек,Елдер,Сајмон,Виктор,Ивен,
  Рафаел,Лиам,Глер,Патрик,Тери,Иан (20 телохранители)
9.Александра,Ема,Алисон,Пјетра,Сара,Сенди,Ејна,Поли,Глорија,Џенифер и Гастон,Питер,Елвир,Андреас,Марио,Фили,Џеј,Ејрон,Аустин (20 танцувачи)
10.Дерк,Марк и Зек (3 возачи)
11.Валерија,Ефрон и Пелира (3 кореографи)
12.Хели,Наоми,Кејти,Лора (4 доктори)
13.Мејли,Сандра,Клара,Перти (4 одлегувачки на миленичињата на Бибер:мачето Тут, мајмнучето Мели и папагалот Норт.)
14.Андреј и Талија (2 адвокати)
15.Ванеса и Луис (2 порпатори на тимот-односи со јавноста)
16.Лујза,Керна и Пелви (3 уредувачи на официјалниот веб сајт)
17.Нејна,Џулија,Стив и Џорџ (4 дегустатори на храна)
Изјава на Барак Обама:“Кога требаше Џастин Бибер да пристигне во Белата куќа, го очекував во секој миг.Тој пред тоа ме праша дали може да дојде и неговиот тим бидејќи и тие умирале од желба да имаат средба во живо со американскиот претседател.Реков “Секако, нема потреба да прашуваш.“ Додека го очекував да пристигне,случајно отидов до прозорот и за малку ќе го испуштев филџанот со кафе.Неможев да поверувам дека по него доаѓаат 20 луѓе..потоа пристигнаа уште 10 коли и се собраа околу стотина..Изгледаа како цела армија.“
Изјава на вработен во хотел:“Кога ни беше јавено дека Џастин Бибер утредента пристигнува во нашиот хотел, сите колеги и јас тотално полудевме.Скоро сите 1000 вработени во хотелот останавме до раните утрински часови да ги извршиме подготовките.Мислевме дека и тој како сите останати ѕвезди ќе има огромни барања до нашиот персонал, но тоа не беше така.Имаше зберено илјадници фанови пред хотелот и во секој миг се очекуваше тој и неговиот тим да пристигнат.Пристигнаа..Откако помина половина час со фановите, влезе внатре со целиот тим.Неговиот тим е како армија.Каде и да оди тој, доаѓаа по него.И сите очекувавме да си го земе клучот и да оди во својата соба, но не.Тој седна во лобито,побара чоколадо и рече дека ќе се труди да биде добар гостин и се извини за вревата надвор.На сите не почести и нас со Snickers чоколадо и ни рече да седнеме бидејќи нема други барања.Најгорниот кат беше целосно заземен за него и неговит тим.Нашите носачи сакаа да им ги однесат куферите, но тие не дозволија и рекоа дека сами ќе го сторат тоа.Очекувавме да бидат “дигнати“, арогантни и заносни.Но тие луѓе беа толку добри.Цело време беа едни со други, секогаш се слушаа шеги, веселења.Тимот на Џастин Бибер е неверојатен!“
76.На 1 март 2013, кога пејачот го прославуваше 19 роденден, тој во хотелот во кој престојуваше бидејќи минатата вечер одржа концерт во Мароко, ги честеше сите гости во хотелот и персоналот со чоколади, а на секој припадник на неговиот тим му подари по еден дијамантски прстен додавајќи:„Вие сте причината поради јас која денес живеам.Би сакал да можам на секој белибер ширум светот да му подарам еден ваков прстен.“

Но, во организација на светската фејсбук група на пејачот (152 милиони членови), беа организирани паради по повод неговиот роденден ширум цел свет.Дури и нашите белибери имаа организирано две паради.Едната во Скопје, а другата во југозападниот дел од државата, Струмица. Најголемата парада сепак беше одржана на границата помеѓу САД и Канада, каде фановите на необичен начин му го честитаа роденденот на пејачот.

Ова е само еден од банерите кои тие ги изработија во името на пејачот.На границата беа присутни над 2000 фанови од САД и Канада и со заеднички сили изработуваа различни натписи, меѓу кои:Kidrauhl,Ontario,Pattie, Jeremy,HAPPY BIRTHDAY HERO, BELIEBERS ALL AROUND THE WORLD. Секој банер го изработуваше посебна група од сите присутни. A пред неговиот хотел пак, беа собрани белиберите од Мароко и регионот, па тамошниот сообраќај беше стопиран цели 2 часа.

77.Во Осло,Берлин,Буенос Ариес,Будимпешта,Чикаго,Кан концерите на Бибер беа во работни денови, а учебната година сеуште беше во тек па така белиберите нема да можеа да бидат присутни на концертот.Но затоа пак, владите во соработка со локалните власти во овие градови овозможи сите ученици да бидат ослободени од настава за време на концертниот ден.Бибер е единствената личност поради која владите во овие современи држави го прекинуваат образованието само за младите да бидат присутни на неговиот концерт.Но, на концертите на Бибер се забележуваат и постари генерации.Најстар фан е 84 годишниот Бил Рекс од Тексас, кој станал белибер откако неговите внуци му раскажале се за пејачот.
78.Бибер во 2012 се запиша на факултет за дизајн и мода, бидејќи неговата мајка упорно го наговараше да заврши факултет кој ќе му отвори нови видици во животот.Тој полагаше вонредно, но сеуште го нема завршено факултетот. Тој во едно интервју кога беше запрашан за математиката одговори:“x-y=4*6*4=f..Не разбирам, што ќе ми треба тоа во животот?“
79.На 15 август Бибер во очи на својот концерт во Ливерпул, тој посети еден ноќен клуб заедно со својот тим и со помош на батериска ламба ги следеше сите присутни во клубот.Бибер забележа пијана девојка која имаше 16 години па едвај и се движеше.Потоа забележа и пијани момци на негова возраст па околу 10 луѓе тој ги однесе во блискиот хотел, им го плати сместувањето и отиде да го одржи својот концерт.Утрото, тој ги посети во хотелот и им кажа дека несака и тие да го доживеат истото што и тој.“Знаете..кој и да е вашиот проблем, не наоѓајте утеха во алкохол, дрога или цигари..Нема да ви помогне.Соочете се со проблемот, викајте, дерајте се..но знајте дека ако станете зависници, ќе имате уште поголеми проблеми од сегашните.Јас на моја иницијатива ве донесов овде, се надевам ќе ми простите за тоа..Но неможев да дозволам да земате уште..“
81.Исто како на 15 август во Ливерпул, така и на 29 август Бибер беше во еден од познатите клубови во Сан Франциско каде во клубот влезе маскиран со перика на глава како никој не би го препознал, па дури и управата на клубот.Со него беа само неговите телохранители (5 внатре и 15 надвор).Тој со помош на батериска ламба гледаше се што се случува во клубот , и по половина час отиде до тоалетот.Внатре,тој забележа дечко кој ја присилува неговата 16 годишна девојка да пуши канабис.Бибер видно згрозен од случајот, му удри бокс на дечкото, по што тој му врати и извади нож.Бибер ја крена девојката која се сокри позади него незнаејќи дека стои зад Џастин Бибер и потоа го повика своето обезбедување и полицијата со цел да не има понатамошни инциденти. Тој девојката ја извади на раце од клубот, заедно со своите телохранители ја однесе во болница каде беше утврдено дека сепак има примено мало количество од дрогата, по што Бибер ја однесе во неговиот хотел и таму ја запозна со психологот кој беше негов лекар за време на рехабилитацијата.16 годишната Ребека денес е во болницата и се лечи од зависности, додека нејзиниот дечко (инаку баран наркоман) доби 15 години затворска казна.
82.На 30 август годинава, Бибер требаше да одржи концерт во Лас Вегас , а времето пред 20 часот го помина во неговиот хотел каде беше забележан со својот тим од многуте папараци.За несреќа на младата ѕвезда, во тој хотел престојуваше и Вил Смит, лошиот пријател поради кој пејачот проба да пуши марихуана заедно со своите другари.Кога Бибер се сретна со своето некогашно друштво, неговиот тим беше со него и му наредија веднаш да оди во својата соба несакајќи да предизвикаат инциденти. Но Бибер не ги послуша и отстапи еден чекор напред додека сите припадници на неговиот тим стоеја позади него и чекаа причина за да регираат.Во продолжение, драмата оттаму:

Вил Смит:“Еј стар пријателе..од кога те немам видено..знаеш, ми недостигаше!“

-Бибер не зборува ништо и само гледа во него-

Џејден:“Што е, твоите дадилки ти забранија да се гледаш со нас?“

Вил Смит:“Ама ајде..зарем тоа е работата?“

Робин:“Хах,погледнете го..како статуа стои.“

Бибер:“Немате попаметна работа?“

Терол:“Ама ајде..не не разочарувај сега стар пријателе..“

Вил Смит:“Ајде да бидеме како некогаш, во старите добри времиња.Да одиме во..“

Бибер:“Каде да одиме?“

Вил Смит:“Па знаеш брат, Лас Вегас е домот на коцкарниците..Еве, ако толку несакаш од десертчето, нема да ти дадеме.Одбери во која коцкарница да одиме..знаеш, и животот е коцка..некогаш добиваш, некогаш не.“

Бибер:“Хахахахахахаххахха! (ракоплеска, сите се зачудуваат од оваа негова реакција,а во меѓувреме околу пејачот се насобира и персоналот, и медиумите..целото лоби е преполно) Ти бре нормален ли си? Тоа што ти го нарекуваш десерт..се вика ѓубре.Тоа што ти го нарекуваш коцкарница..се вика измама.Јас и вие..таа приказна е заврешна..мислев дека тоа го знаете.И, во име на старото пријателство..ви нудам финансии за да се лечите во една од рехабилитационите болници.“

Џејден:“Хахахахахахаха..ти треба да одиш во лудница..Тебе тој твој тим те спобудалел бе брат.“

Бибер:“Еден ден ќе се каете..но може да биде предоцна.Како и да е, повеќе не одиме по ист пат..вие продолжувате по темниот, а јас по светлиот.Господ нека ви е на помош и нека ви го разбистри умот што го труете со такви срања.Жал ми е што не сте во состојба да ме разберете.“

(старите пријатели само зачудено гледаа во него, по што почнаа да ја пцујат 5 годишната сестра на Бибер, па неговите телохранители знаеја дека тој нема да може да се воздржи и сакаа да го однесат во неговата соба, но тој повторно одби)

Бибер:“Јас нема да ви судам..Над нас има само еден.“

После тоа, старите пријатели нервозно заминаа од хотелот и во истиот миг ги спакуваа своите куфери.Ова случување беше пренесувано во живо на сите телевизии во САД, КАНАДА..А скоро над 20 милиони тоа го следеа во живо преку Lifestream. После тоа, се објави и информацијата дека Бибер го зголемил обезбедувањето на двете куќи во кое живеат неговиот татко, неговата сопруга и брачето и сестричата, како и соседната куќа во која живее неговата мајка заедно со своите родители.
@scooterbraun- Fun day! #cheese
83.Бибер беше во посета на болницата St.Gloria на 31 август пред неговиот концерт во Детроит и таму во детскиот дел од болницата се запозна со дечињата и им подари златни нараквици со натпис “Little Angels" (Мали ангелчиња).
84.На маскенбалот организиран во Белата куќа, Бибер беше маскиран во заменик претседател на САД.

85.Бибер има вкупно 10 тетоважи.Во ова издание, ви го откриваме нивното место и значење:

-Света Богородица (десна рака, религиско значење)
-Крст (десна нога, религиско значење)
-Jesus-натпис (лева нога,религиско значење)
-Христијанство-натпис (лева нога одзади, религиско значење)
-Believe (верувувај) -лева рака, името на неговиот албум
-12.05.2009 (веднаш над срцето, датата кога за прв пат го гледа својот татко)
-Був (лева рака,така го викал неговиот другар кој починал од рак на 11 годишна возраст, па Бибер неколку недели пред тоа сакал да му даде подршка и ја избричил неговата глава и му отишол во посета)
-Жена со крилја (лева рака, претставена е неговата мајка)
-Тигар (лева рака,неговата мајка го лажела дека неговиот татко го изел тигар, бидејќи тој секогаш како мал го барал својот татко)
-Око (лева рака) Оваа тетоважа има две значења.Првото значење е дека неговото семејство и неговиот тим секогаш го надгледуваат и се грижат за него, а второто е дека над нас е единствено Бога кој гледа се.
86.За време на пробата на концертот во Бостон, Бибер заспа на сцената, па неговиот тим го разбуди со чаша вода која ја фрли врз него.
87.За време на приемот на Бибер и неговиот тим во кралскиот двор во Стокхолм, младите принцези Лаура,Теона и Корал го нападнаа пејачот на големо изненадување на кралското семејство.На Бибер тоа не му пречеше.Тие му ја земаа панделката, часовникот и едната обетка за спомен.
88.Патриција (мајка на Бибер) му забранува да пее додека се бања бидејќи тој додека пее почнува и да танцува, па таа се плаши да не падне.
89.Патриција има изјавено:“Многу ми се допаѓа тоа што Џастин се споделува со мене.Моментално се обидува да заборави на минатата љубов иако јавноста не му дозволува на тоа.Порано, разговаравме за девојки и слично..сега тој воопшто не е заинтересиран за врска..Тој целосно се посветува на работата и белиберите.Мислам дека со работата сака да заборави на се.“
90.Селена Гомез беше обична девојка се до 2011 кога не стана девојка на Бибер.Поради него ја запозна целиот свет.

“Џастин беше ужасно заљубен во неа.Кон неа се однесуваше како принцеза..Скапи подароци, патувања, запознавања со битни луѓе во светот.Селена во тој период се однесуваше многу добро со него, беа заљубен пар.Кога некој Џастин ќе засака, тешко може да го тргне од своето срце.Кога Селена стана позната на целиот свет, започнаа несогласувањата.Наводно нејзе не и се допаѓаше карактерот на Џастин,тој се однесувал премногу детинесто (таа е 2 години поголема од него), па дури еднаш го нарече и “заљубена будала.“ Како нејзина тогашна блиска пријателка,знам дека честопати се расправаа и таа доаѓаше кај мене со своите куфери.И секогаш Џастин беше оној кој попушташе..едноставно, тој неможеше да функционира без неа.После еден час тој ќе дојдеше кај мене и долго ќе разговараа.Селена до него имаше огромни барања, како на пример одмор на Хаваите и помалку време да поминува во хуманитарни цели, туку да биде со неа.Џастин сето тоа го прифаќаше иако од време на време се чудеше каде е Селена од почетокот на врската.Селена многу добро знаеше кога тој е замислен во врска со тоа, па затоа тогаш ќе му приредеше некое изненадување и Џастин повторно како слеп ќе и се предадеше.За неверството на Селена дознав многу порано отколку што дозна Џастин и светот.Првиот пат неможев да им поверувам на очите и сакав се да му кажам на Џастин, но Селена и Џек ме разубедија.Селена се правдаше дека и недостига љубов кога Џастин е ширум цел свет, а Џек пак призна дека е заљубен до уши во неа.Несакав да го растажам Џастин и ништо не кажав..Избегнував средби со него бидејќи мислев дека во секој момент ќе му кажам се.Знаев дека еден ден ќе пукне тиквата..И така и излезе, во јануари годинава, после 5 месеци неверство Џастин откри се.Честопати Селена и Џек одеа во нејзината викендица во Далас, но овојпат, Селена знаејќи дека Џастин е на концерт, го донесе Џек во заедничкиот дом каде живееше со Џастин.Концертот беше презакажан за утредента поради лошите временски услови,па Џастин се врати дома и таму имаше што да види..Тоа што тој го проживеа не е лесно.“-изјави Клара Андерсон, заедничка пријателка на Бибер и Гомез, таа ги запознала.
“Таа вечер ми заѕвони телефонот и видов дека е Џастин.Ми рече дека доаѓа во хотелот.Реков добро..Тој за само 15 минути беше стигнат..Очигледно возел пребрзо.Ми раскажа се..Сепак имал малку почит и не ги избркал полуголи надвор пред папараците.Им дадол време до утре да си ги соберат работите и никогаш повеќе да не ги види.Селена мислела дека ќе ја моли.Но требала да знае едно нешто:Џастин кога сака, сака бескрајно..Но кога му е забиен нож во грб,никогаш не простува.Таа трчала по него, а тој целиот бесен дојде најбрзо што можеше кај мене.Несакаше да зборува со никој друг од тимот,и само нервозно влезе во мојата соба..Ми раскажа се.Беше бесен, лут, толку нервозен.Рафрли се во собата, ги скрши прозорците и почна да удира по ѕидовите со раката.Рацете му се раскрварија, но не престануваше.Не можеше да поднесе да биде вака измамен, предаден..и тој од личностите на кои најмногу им веруваше.Потоа следуваа низа скандали..Сите објавија слики како пуши марихуана, но никој не објави слика како тој е изневерен.Но денес, сето тоа е позади нас.Можам со сигурност да кажам дека Џастин после се, не е нејзин роб.Рече дека моментално е на пауза на љубовен план, но штом ќе ја сретне вистинската која нема да го искористува и мами, ќе го сака вистински, ќе стори се за да ја освои.“-изјави Алфредо Флоренс, најдобриот другар на Бибер
Но амбициозната Тексиканка не престанува со своите провокации и покрај своите грешки.После раскинувањето, таа стана уште пославна, па благодарение на тоа, таа стана позната пејачка и актерка.Според одредени извори, Селена нема талент за пеење и нејзиниот глас минува низ звучни ефекти.Тоа и воопшто не е зачудувачки, бидејќи Гомез секогаш пее на плејбек и избегнува пеење во живо.Таа многупати го исмева Бибер во јавност нарекувајќи го:“Наивна будала“ , “Првокласен глупак“, “Изиграна карта“..Во едно свое гостување во шоу, таа изјави:

“Од врската со тој Канадјанин јас го добив тоа што го сакав..Светот конечно ме запозна.Знаете , сите ја немаат истата среќа како неговата па затоа јас се послужив со неговата среќа и светот конечно може да го виде мојот талент.“

Водителот:А што мислиш денес за Џастин Бибер?

Селена:“Хахх..тој е истиот.И иако се прави дека не го интересирам, знам дека сеуште плаче по мене и жали што тој ден ме избрка.“

Водителот:“Како можеш да го знаеш тоа?“

Селена:Па знаете, ретки се будалите како него..Тој повторно нека патува низ светот и нека помага ако нема попаметна работа.“ (хистерично се смее)

Сето тоа беше пренесувано во живо и Бибер тоа го виде (случката во Стокхолм), по што Бибер не направи ништо. Многубројни беа ситуациите кога таа повторно провоцираше, но Бибер од рехабилатиционата клиника излезе многу помудар, па затоа, кога пред некој ден таа гостуваше во емисијата на Пуни Лероп и повторно го навредуваше, Бибер се вклучи во живо во емисијата и и порача:

“Здраво, овде Џастин Бибер..Бидејќи гледам дека госпоѓицата Гомез е многу расположена за навреди, слободно нека продолжи, јас и онака го сменив одамна каналот.Со мојот тим цело време се смееме на мудрите бисери.Само едно ќе те прашам госпоѓице Гомез..ти дадов се, пари, слава, луксуз..но најбитно од се беше моето срце..Зошто си поигра со мене кога јас единствено што барав од тебе е искрено да ме сакаш?“ (Гомез остана без зборови, по што телефонот на Бибер му го зема Лина (неговиот стилист) и се обрати во живо на Селена)

Лина:„И да драга Селена..гледам сеуште ти служат подароците од нашето момче..Еве на пример огрлицата која ја носиш беше една од најскапите во светот и заедно ја биравме со Џастин.Сум ти го погодила вкусот очигледно.“
По што врската се прекина, и на телевизијата веднаш беа дадени реклами.Од тогаш, Селена Гомез нема зборувано ништо во јавноста за Бибер, а Бибер изјави дека врти нов лист и дека за старите грешки таму нема место.
Приказната помеѓу Бибер и Селена Гомез е готова и неповратна.Според изјавите на неговиот најдобар другар, Бибер е во потрага по искрена девојка , а која ќе ја најде ќе направи се за да ја освои.Извори блиски на Гомез тврдат дека таа е во потрага по нов славен дечко кој ќе го освои исто како Бибер и ќе го искористи како отскочна даска во нејзината кариера.
91.На 12 јули годинава, Бибер беше забележан како излегува од пресконференцијата во Лос Анџелес на која беа присутни над 2000 новинари..За време на таа пресконференција од новинарите му беше соопштено дека девојка која се враќала од неговиот концерт во Мајами, била силувана.И додека сите очекуваа негов коментар на ова случување, тој само излета од салата и веднаш со својот тим се упати кон психијатриската болница каде беше сместена девојката поради огромната траума.Пред да влезе таму, Бибер нареди да се купат огромни буќети.Пред да влезе во болницата Бибер беше забележан со солзи во очите, па откако забележа дека папараците се нареди на оградата од болницата, со неговиот тим веднаш влезе внатре.Тој ноќта заедно со својот тим ја помина во болницата и за тоа време тој долго разговарал насамо со Емили Розел (девојката).На 3 септември беше објавено дека Емили излегува од болница утре и дека Бибер го платил нејзиното школување на Оксфрод бидејќи нејзина животна желба била да се школува таму, а потоа да се вработи во министерството за надворешни работи.

Утредента, на 4 септември, белиберите од Мајами и околината беа собрани пред болницата и кога Емили излегуваше заедно со своите родители, сите почнаа да и ја пеат песната “Stay strong,we are with you" (Остани силна, ние сме со тебе).Сообраќајот поради белиберите беше стопиран целосно цели 2 часа а за тоа време тие јадеа торта, пееја и танцуваа.
Сето тоа беше фотографирано од многумина папараци, а за нив родителите на 17 годишната Емили изјавија:“Џастин мислеше дека тој е виновен поради тоа што и се случи на ќерка ни..Но не..не стануваше збор за негови хејтери (луѓе кои го мразат), туку за криминалци добро познати на полицијата.Ние без размислување повторно би ја пуштиле ќерка ни на негов концерт.Пред да се случи сето ова, го сметавме за обичен тинејџерки срцекршач..но не е така.Тоа момче..тој е толку само пожртвуван,нежен..добар, храбар..Полн е со љубов која извира секој момент од него.Неговата грижа се гледа во неговите очи.Цела вечер остана со нас во болница и разговараше..Нашата ќерка се смееше после се што помина.Заедно играа игри, тој и пееше и и свираше на гитара..И подари и плишано мече.Светот дефинитивно има потреба од луѓе како него.“
92.На 13 септември годинава, Бибер заедно со неговиот тимбеше забележан како пристигнува на аеродромот во Отава, во очи на неговите три нови концерти во неговата родна земја,Канада.Тој отиде во старото маало каде што живееше и беше забележан како се среќава со Џике,неговата прва симпатија и нејзиното синче.Денес тие се добри другари и секогаш се среќаваат кога Бибер е во Канада.Потоа, Бибер отиде во “Bieber City" каде што живеат неговите родители, братчето и сестричката, неговите баба и дедо. Оттаму, кога го пресретнаа новинари, тој на прашањето од каде толкава блискост помеѓу него и Џике, тој одговори:
“Џике е личност која сакам да биде присутна во мојот живот.Ме посетува на моето детство, на деновите кога трчав по неа и барав да ми објаснува математика и физика,а всушност тоа беше изговор да поминувам време со неа.Знам дека таа не ми е пријател поради корист..Исто така, овде е Бил, нејзиното момче кое исто така има добро срце и е добро човече.Ги сакам овие луѓе, ГИ САКАМ СИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ.“