Friday, April 11, 2014

СЛУЧКИ СО ЏАСТИН БИБЕР 3

1.Бибер отиде во посета на Гватемала и таму остана цел ден заедно со својот тим.Своите патики ги соблече и ги даде на едно од тамошните деца, па затоа одеше бос за време на продолжението од посетата на една од најсиромашните држави во светот.Исто така, со засукани ракави помогна и при изградбата на училиштето за основци, a изјави и дека повторно ќе се врати за нови проекти во соработка со ОН.




3.Бибер:Љубовта кон моите белиберки е како спрема девојка,сестра и другарка..А кон моите бој белибери? Кон нив е онака чиста, онака братска.“


4.Во февруари годинава, Бибер купи слон од американската зоолошка заедница и го крсти Снупи.Тој купи и специјална “шума“ каде слонот би престојувал, по што таму ги однесе помалите брат и сестра да го јаваат.Сите од тимот останаа со зачудени усти, а Бибер се качи на животното и почна да му вика “иха иха“ по што тоа видно се вознемири и започна да урла на сите страни по што Бибер падна од него и беше однесен во болница.


5.Бибер:Не залажувајте се дека за некоја која многу сте ја сакале ќе најдете замена.Тоа никогаш неможе да се случи.Можете да ја барате во било која, можат многу да ви личат на неа..Но онаа вашата, онаа вистинската го има она специјалното..никогаш ќе неможете да ја заборавите.Нејзиниот мирис, нејзината насмевка и очи ќе ви излегуваат секогаш кога ќе допрете некоја друга..Се до крајот на животот.Бидејќи онаа со која си пробал многу нови нешта, од која си научил многу, онаа која те научила што е да се сака и да се жртвува во името на љубовта..токму таа брате, ќе ја паметиш до крајот на животот.Можеш да имаш сопруга, деца..но нејзиното име и нејзиниот лик нема да ти излезат од глава се до последниот здив.“


6.Бибер го изјави ова во 2012, за време кога сеуште беше во врска со Селена Гомез:Јас никогаш не мислев дека ќе станам будала кој ќе зависи од една припадничка на женски пол.Знаев дека ќе се вљубам, но никогаш не очекував дека тоа ќе биде онака болно, себично и љубоморно на секој друг поединец кој е во нејзина близина.Кога некој ќе ја прегрне, макар и на 2 секунди му љубоморам бидејќи го има мојот свет во негови раце. Таа е девојката која нема да ја оставам се додека таа не го стори тоа.“


7.“Само оној кој е одгледан од кралица ќе знае како да се однесува со неговата принцеза..И само оној кој има сестра знае дека со чуствата на една девојка несмее да се игра.“-Џастин Бибер


8.Откако во јануари 2013 раскинаа Бибер единственото што го изјави беше:“Сите ме прашуваат како може сеуште да ја сакам и покрај се што ми стори..Сигурно вие не сте биле вљубени.Јас таа девојка ја сакав, ја сакам и ќе ја сакам.Јас за неа живеам.Јас се будев за да уживам во животот со неа.Јас ја сакам и кога таа најмалку заслужува, ја сакам и кога не е во право.Ја сакам и кога таа ме мрази.Ја сакам и кога ќе ми се налути и ќе ми спушти слушалка, ја сакам кога ќе ми удри шамар..Ја сакам и кога направила грешка, ја сакам и кога започнува одреден флерт.Ја сакам во секој смисол..Сите ми велат..Живот или таа? Зарем тоа не е исто?!“


9.Мајката на Мајли Сајрус изјави дека Џастин постојано и ѕвони на Мајли со цел да ја контролира каде е.Еве дел од нејзината изјава:
“Мајли скоро секој ден разговара со Џастин.Тој секогаш и се јавува и разговараат и по цел час.Ја контролира.Понекогаш кога е излезена нам не ни крева слушалка, но нему му крева и преку него дознаваме каде е нашата ќерка.Џастин помина низ сето тоа што таа го минува сега и тој е и една од најголемите поддршки.“

Познато е и дека Џастин е на сред приговори со Мајли да ја убеди да оди на рехабилитација исто како и тој, а според блиски извори, ѕвездата од “Хана Монтана“ ќе го послуша својот пријател.


10.На 12 март Бибер беше во еден од големите маркети во Мајами каде го сретна голема група белибери.Тој сеуште ги немаше купено своите омилени чоколади и затоа почна да скока одозгора врз полиците со храна за да стигне во одделот за слатко од каде купи цела полиса од Милка..Надвор, сите како и вообичаено чекаа да ги почести белиберите, но тој им фрли само 3 чоколади и им рече да си ги поделат.Доказ дека Бибер е циција кога станува збор за чоколадите!


10.Кога беше запрашан да даде одреден коментар за кошарката, тој одговори:
“Обожавам кога трошам дел од мојот живот за да играм кошарка.Тој спорт е единственото нешто што сакам да го правам во слободното време.Уживам кога го давам и последниот дел од мене за да освојам поен.Кога ќе го поминам тој обрач и задоволно ќе преминам на одбрана.Го оставаш срцето на теренот и никогаш не ти е здодевно..Сакаш уште еден, уште еден и уште еден поен.Никогаш не ти e доста.Би можел да играм и до 1000„





No comments:

Post a Comment